Тајниот тестамент на принцезата Дијана

Од:

Принцезата Дијана имаше само 36 години кога го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во 1997 година, а нејзините синови Хари и Вилијам тогаш беа само тинејџери.

Дијана зад себе оставила писмен тестамент во кој е наведено како треба да се распредели нејзиното богатство. Принцезата Дијана во моментот на смртта, како што пренесува британски „Мирор“ „тежела“ 21 милион фунти.

Дел од парите кои ги имала се од спогодбата за развод со принцот Чарлс, како и од нејзиниот накит, автомобили и други лични предмети. Дел од имотот бил одземен поради данокот на наследство, но се вели дека останале уште 13 милиони фунти. Своето богатство Дајана им го остави на синовите Вилијам и Хари, но тие не беа единствените нејзини наследници.

Дел од парите, во износ од 50.000 фунти, биле дадени на нејзиниот верен батлер Пол Бурел, а дел наследиле и нејзините 17 кумови.

Во тестаментот Дијана го вклучила и таканаречениот „дискреционен фонд“ од кој биле наменети средства за нејзините синови и нивните идни сопруги и деца. Тогаш во фондот имало околу 100 илјади фунти, освен акумулирани камати и приходи од средствата на фондот.

Она што остана од имотот на Дијана требало да се подели подеднакво помеѓу принцот Вилијам и принцот Хари, во моментот кога тие имаа 15 и 12 години.

„Мирор“ пренесува дека за нив била наменета сумата од 13 милиони фунти, која по оданочување е намалена на 8,5 милиони фунти. Тоа богатство беше дополнително инвестирано, а во моментот кога браќата можеа да го бараат своето наследство, тоа порасна на неверојатни 20 милиони фунти.

Дијана посочила дека нејзините синови можат да земат дел од наследството на 25 години, а остатокот кога ќе наполнат 30 години.

Откако Хари и Меган се разделија од кралското семејство, тие живееја од парите што Дијана ги остави во наследство.

„Го имав она што ми го остави мајка ми, без тоа немаше да можеме да го направиме ова. Како да предвидела дека тоа ќе се случи и беше со нас во текот на целиот процес“, рече тој во познатото интервју со Опра Винфри.

Ден откако го потпишала оригиналниот тестамент, Лејди Ди составила дополнителен документ наречен Писмо на желби, во кој навела што сака да прави со нејзиниот накит. Во писмото се бара 75 отсто од тие лични предмети, наречени „подвижни предмети“ во Обединетото Кралство, да бидат подеднакво поделени меѓу Вилијам и Хари. Таа, наводно, дури и експлицитно изјавила во писмото дека се надева дека можните сопруги на нејзините синови еден ден ќе можат да го носат нејзиниот накит.

Дел од имотот кој требало да биде во сопственост на Вилијам и Хари по смртта на нивната мајка била и нејзината венчаница. Како и остатокот од преостанатото наследство, таа станала сопственост на нејзините синови кога наполниле 30 години. Пред тоа беше дел од колекцијата која му припаѓаше на братот на Дијана, Ерл Спенсер.

По смртта на Дијана, на секој нејзин син му беше дозволено да избере некои од нејзините омилени работи во палатата Кенсингтон како спомен. Принцот Вилијам избра златен часовник Cartier Tank Française, оној што ѝ го подари на Дајана нејзиниот татко. По разводот, Дијана често ја гледале како го носи овој часовник, а Вилијам знаел дека мајка му ќе го посака тоа. Избраниот спомен на Хари бил неверојатен прстен од 12 карати од сафир и дијамант што принцот Чарлс и го купи на својата идна невеста во 1981 година.

Би можело да ве интересира

Фустан на принцезата Дијана продаден за над милион долари

Потоната јахтата на која принцезата Дијана го помина своето последно лето

Зошто принцезата Дијана заврши во затвор: Сара Фергусон ја откри вистината по 37 години

Предраг Петровиќ