Приморското село Поситано со својата убавина го одзема здивот и претставува идеално место за да закрепнете од стресот на секојдневниот живот.
Сликовитото приморско село Поситано се смета за бисер на италијанскиот брег Амалфи. Станало привлечно за туристите во 50-тите години на минатиот век, а за него писателот Џон Стајнек има напишано: „Тоа е место од соништата, кое не изгледа реално додека сте таму, а станува привлечно кога ќе си заминете од него“.
Наоѓајќи се на само 50 километри од Неапол, заштитен од остатокот на светот во прекрасен залив. Покрај Неапол, во околината на Поситано се наоѓа и археолошкиот град Помпеа како и островот Капри.