Поранешната медицинска сестра на Шумахер обвинета за неуспешен обид за уцена на семејството на тркачот

Од:

Поранешната медицинска сестра на Михаел Шумахер е обвинета за вмешаност во неуспешен обид за уцена на семејството на возачот во Формула 1, соопшти денеска германскиот суд.

Медицинската сестра вчера беше идентификувана како една од тројцата обвинети на судењето во Вупертал, западна Германија, обвинета за обид да изнуди 15 милиони евра заканувајќи се дека ќе објави украдени фотографии и видеа од седумкратниот светски шампион кој беше тешко повреден во несреќа на скијање пред повеќе од една деценија, објави Тајмс.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, пред судот изјави дека се посомневала во медицинската сестра откако уценувачите го контактирале семејството.

Медицинската сестра, која не е јавно именувана, го напуштила семејството есента 2020 година.

Семејството Шумахер жестоко ја заштитува приватноста на тркачката легенда откако тој се повреди на француските Алпи во 2013 година, удирајќи со главата во карпа само неколку дена по Божиќ.

Неговите повреди на мозокот биле толку тешки што бил ставен во медицински индуцирана кома.

По несреќата не се објавени негови слики.

Би можело да ве интересира

Телохранител украл фотографии и наоди на болниот Михаел Шумахер, се заканува дека се ќе објави ако не му платат 15 милиони евра

А1он

Конечно охрабрувачки вести за состојбата на Михаел Шумахер, тој може да седне на маса

Михаел Шумахер направи две фатални грешки тој ден, се навестуваше трагедија

Предраг Петровиќ

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Британски неврохирург: Шумахер никогаш нема да закрепне

Наум Локоски