Половина од жените им завидуваат на пријателките поради изгледот

Од:

Повеќето жени кои се незадоволни со својот изгледа за тоа ги обвинуваат другите жени, покажуваат резултатите од истражување, кои ги објави британскиот таблоид „Сан“.

Истражувањето за претставата, која жените ја имаат за своето тело откри дека 59 проценти од припадничките на понежниот пол имаат лошо мислење за својот изглед,

За овој недостиг на самодоверба 45 отсто од нив ги обвинуваат другите жени, кои, како што велат, со нивните погледи им укажуваат на недостатоците.

Меѓутоа тие и самите се оптоваруваат со тоа што постојано се споредуваат со другите жени. Истражувањето покажа дека 54 проценти од нив им завидуваат на своите пријателки и колешки поради изгледот.

Иако постојано ја загледуваат големината на облеките на жените во нивното опкружување, жените сепак не преферираат „манекенска линија“. Секоја осма испитаничка смета дека идеалот на убавина, кој го наметнува општеството за премногу слаби жени не е во ред. Четириесет и два проценти од анкетираните сметаат дека бројот 40 е идеална големина на женска облека.

Би можело да ве интересира

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ