Објавени се нови детали за смртта на Метју Пери.
Имено, итната помош била испратена во неговиот дом во Лос Анџелес во саботата во 16 часот и 7 минути. Лекарите се обиделе да го спасат Пери додека тој се уште бил во џакузи, но напорите да го оживеат биле неуспешни и тој бил прогласен за мртов на местото на настанот, пишува Daily Mail. Актерот не бил префрлен во болница, потврди локалната полиција.
Телото на Пери беше пронајдено во џакузито во неговиот дом. Имено, изворите рекоа дека Пери во текот на утрото бил на популарниот Пиклбол (игра слична на тенисот). Потоа испратил помошник да му ги извршува задачите, а кога се вратил околу два часа подоцна, го нашол Пери мртов и повикал 911.
Не е познато што правел Пери пред неговата смрт и истрагата е во тек. Странските медиуми јавуваат дека во негова близина не била пронајдена наркотици од која Пери бил зависник со години.