Полански: Движењето „И јас“ е колективна хистерија

Од:

Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Me too), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.

Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство, и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка.

Според него, луѓето кои го поддржуваат ова движење го прават тоа воглавно од страв и го спореди со севернокорејските лидери за кои наведува дека се толку интензивни „што не можеш да престанеш да се смееш“.

Би можело да ве интересира

Полански го доби францускиот „Цезар“, актерите заминаа од церемонијата, протести пред салата во Париз

Предраг Петровиќ

Повици за бојкот на новиот филм на Роман Полански „Обвинувам“

Ана Ололовска

Германка го обвини Роман Полански дека ја силувал во 1972 година

Наум Локоски