Почувствувајте се како бездомник на една ноќ

Од:

Заборавете на чоколадните бомбони на перниците и на чистите пешкири во форма на лебед. Во овој хотел нема да добиете ниту кревет.

Доколку престојувате во Фактум хотел, за цена од десет долари можете да искусите како живеат бездомниците.

Овој хотел во Гетеборг во Шведска сите пари заработени на овој начин ги дава во хуманитарни цели.

– Имавме мошне студено време во јануари и февруари. Тогаш луѓето сфаќаат колку е тешко да се биде бездомник, изјави Арон Исраелсон, уредник на списанието, кое стои зад овој необичен проект.

– Почувствувајте го пулсот на градот од самрак до зори во прекрасниот предел, само на неколку стотини метри од местото на кое се собираат познатите музичари и уметници. Исто така ќе преноќите под благодорното око на Скансен лавот и неговата тврдина стара повеќе векови, се наведува на сајтот на овој хотел.

Еден на шест бездомници во Шведска (нивниот вкупен број се проценува на околу 3.400) живеат во Гетеборг. Иако оваа земја има бројни социјални програми и засолништа за нив, по се изгледа се уште целосно не го решила овој проблем.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ