Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“).
Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм Back to Black („Враќање во црно“), ист наслов како и албумот на Вајнхаус од 2006 година.
Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг.
Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум Back to Black (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл Rehab.
Таа стана една од петте жени во тоа време што освоија пет „Греми“ во една вечер, вклучувајќи најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.