Почина водач на индиска секта со 38 жени и 89 деца, имал висок притисок

Од:

76-годишен жител на индиската држава Мизорам, за кого се верува дека бил човекот со најголемо семејство во светот, починал вчера, јавува Би-би-си.

Зиона Чана, водач на локална секта која се залага за полигамија, а ја основал неговиот дедо пред осум децении, зад себе остава 38 жени, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврдил Главниот министер на државата Мизорам, Зорамтанга, кој преку Твитер им изрази сочувство на бројните членови на семејството на Чана. Тој наводно боледувал од дијабетес, а имал и повишен крвен притисок.

Неговата состојба се влошила уште кога бил дома, во селото Бактавнг Тлангнуам. Во неделата навечер бил префрлен во болница, но таму починал, потврдија лекарите за агенцијата ПТИ.

Би-би-си пишува дека е тешко да се каже дали Чана е човекот со најбројно потомство во светот, затоа што на таа „титула“ претендираат и други. Според некои извештаи, водачот на сектата, кој ги охрабрувал нејзините членови да стапуваат во врски на еден маж и повеќе жени, имал дури 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, што се вкупно 181 член на семејството.

Чана и неговата бројна заедница биле своевидна локална сензација – живееле сите заедно во зграда на четири ката, која ја нарекуваат Куќата на новата генерација, а во неа има стотина соби. Сопругите на верскиот гуру наводно живееле заедно во големи простории блиску до неговата приватна спална соба. Живеалиштето на христијанската секта, која има околу 2.000 следбеници, е најголемата туристичка атракција во државата Мизорам и го посетуваат луѓе од целиот свет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати