ЗАБАВАПочина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс БондОбјавено пред 48 минути – 12 јули, 2022Од Макфакс
Британскиот композитор и текстописец Монти Норман, чии дела ја вклучуваат оригиналната музичка тема во филмовите за агентот Џејмс Бонд, почина на 94-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди семејство.
Дете на латвиски имигранти, Норман порасна во источниот дел на Лондон, каде што мајка му му ја купи првата гитара на 16-годишна возраст.
Тој продолжи да компонира за емисиите на „Вест енд“, како Expresso Bongo и Irma La Douce, пред да премине на филм.
Неговата Бонд-тема, нарачана за „Доктор Но“ од 1962 година, се користеше во целиот серијал.
Продуцентот на Бонд, Каби Броколи, побарал од Норман да компонира музика за првиот филм бидејќи бил импресиониран од негата сценско-музичка работна биографија.
За главната тема, композиторот ја избриша прашината од една од своите претходни композиции – Bad Sign Good Sign – и ја прекомпонира имајќи го на ум префинетиот агент 007.