Фронтменот на легендарниот британски бенд „Фејтлес“, Максвел Фрејзер, попознат како Макси Џез, почина на 66-годишна возраст.
Бендот на социјалните мрежи ја потврди тажната вест.
„Со скршени срца објавуваме декасиноќа почина Макси Џез. Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој и даде посебно значење на музиката. Исто така, неговата мудрост беше длабока и достапна. Беше чест и се разбира, вистинско задоволство да се работи со него“, велат тие.
„Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј“, додаваат тие.
„Фејтлес“ е формиран во 1995 година и е најпознат по својот транс хит Insomnia. Макси Џез беше дел од бендот од 1995 до 2011 и 2015 година.