Анита Поинтер, членка на групата „Сестрите Поинтер“, добитничка на Греми, почина на 74-годишна возраст.
Taa беше најпозната по хитовите како „I’m So Excited“ и „Jump (For My Love)“. Анита Поинтер почина во саботата, но не беше наведена причината за смртта.
Нејзините најблиски членови на семејството – сестрата Рут, браќата Арон и Фриц и нејзината внука Рокси Мекејн Поинтер – ја потврдија веста.
Тие објавија: „Додека сме длабоко тажни поради загубата на Анита, ние сме утешени кога знаеме дека таа сега е со нејзината ќерка Џејд и нејзините сестри Џун и Бони и е во мир. Таа беше таа што не чуваше сите блиски и заедно толку долго. Нејзината љубов кон нашето семејство ќе живее во секој од нас. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова време на тага и загуба. Рајот е поубаво и пољубезно место со Анита таму.”
Веста доаѓа две години откако нејзината сестра Бони почина на 69-годишна возраст во јуни 2020 година.