Почесен Оскар за славниот Мијазаки

Од:

Иако донесе одлука да се повлече од активната филмска работа, 70-годишниот писател, режисер и аниматор Хајао Мијазаки, најави дека до крајот на животот ќе прави филмови, но само краткометражни.

Јапонскиот мајстор за анимација, кој во 2002 година освои Оскра со филмот „Маѓепсан град“, доби специјално признание на Американската филмска акдемеија, кое ќе му биде врачено утре на доделувањето на наградите „Гувернер“.

Покрај него, почесен Оскар ќе добијат и актерката Морин О’Хара, сценаристот Жан-Клод Каријер и пејачот Хари Белафонте.

– Чест ми е да ја примам оваа награда, изјави Мијзаки, признавајќи дека единствено не се радува на патот до САД. – Тоа ќе биде здодевно патување, изјави тој, додавајќи дека се повеќе сака да црта, пишува и да создава приказни, иако се потешко му паѓа работењето на долгометражни филмови.

Би можело да ве интересира

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар