Победници и губитници меѓу хороскопски знаци

Од:

Секој сака да победува, но не секој знае да се носи со победничката титула или загубата. Погледнете како се однесувааат хороскопските знаци во ваквите ситуации:

Овен – Тој сака секогаш да биде прв. На победата се темели неговата природа. Не држи на „високо“ и секогаш гледа да оди понатаму. Секогаш е подготвен да дели со другите, но не и премногу да инсистира. Оние што ми се блиски, секогаш ја чувствуваат добрината од неговата победа. Ако изгуби, веднаш му честита на победникот и продолжува понатаму.

Бик – Нему победата му значи само ако има материјални придобивки. Ако станува збор за нешто нематеријално, тој секогаш е рамнодушен. Исто е и кога е во улога на губитник. Ако станува збор за нешто нематеријално, се е едно му е, но ако треба да се откаже од нешто друго, што му го прави животот побогат, тогаш многу тешко ќе се помири со тоа.

Близнаци- Близнаците секогаш наоѓаат начин. Нивната „отпорност“ се покажува не само во физичка смисла, туку и преку нивниот став. Најчесто се релативизираат. Им се допаѓа да се забавуваат со својата победа, но тоа не им е толку важно, како и се друго воопшто. Не се горди, ниту премногу занесени, повеќе се реални. Кога ќе загубат, веднаш се пресметуваат и за кратко време повторно испливуваат на површината. Така се бранат од последиците.

Рак – Иако никогаш отворено нема да го признаат тоа, победата им значи многу. Во длабочините на душата чувствува вистинско задоволство кога победува затоа што сака многу да се докажува. Тоа чувство ќе го подели со сите, а знае да сочувствува и со оној што изгубил. Може да се случи и дури да го теши. Кога ќе изгуби, секогаш потоа долго анализира каде згрешил за во иднина да не му се случи истото.

Лав – Роден победник, оној што секогаш „сјае“ ( по можност пред публиката). Секогаш му фали крина на главата. Секогаш е подготвен да подели со другите, но само ако го слушаат и ако му се подредат на неговите фалби. Многу често станува и досаден. Кога ќе загуби, потребно му е време да ја „свари“ загубата, а дури потоа подава рака, но никогаш не може да ја сокрие својата разочараност.

Девица – И кога победува, секогаш се однесува како слуга. Среќен е ако му се дозволи да понуди се што добил и да го направи сето тоа корисно за повеќето околу него. Нивната скромна природа ги прави да изгледаат многу чудни кога победуваат. Ако изгуби, приговара за се и сешто и долго анализира зошто, што и како. Бесконечно ќе ги усовршува деталите за да не се случи тоа повторно.

Вага – Вообичаено за нив е кога ќе победат да уживаат во тоа, без некои посебни свечености. Не претеруваат во ништо, па ниту во ова. Така ќе се однесува и кон поразениот, како да не е воопшто важно, но сепак, малку, колку да се знае, ќе си го потенцира својот победнични статус. Кога ќе изгубат, вагите немаат никаков проблем да му честитаат на победникот и тоа обично го прават искрено.

Шкорпија – Уживаат да победуваат, но тоа нема никогаш да го признаат. Вообичаено споменуваат нов проблем или предизвик, со цел да го одалечат вниманието на губитникот и да не ги гледа како совршени противници. Кога ќе се најдат пак од другата страна, како губитници се гризат во себе, но тоа никому не му го признаваат. Тивко и без никој да забележи се борат до крај. Уште додека честитаат веќе кројат тактика како следниот пат да не бидат ставени во истата положба.

Стрелец – Оваа благородна душа повеќе би сакала да подели се со останатите. Понекогаш дури и неа разлика во нивното однесување како победници или поразени. Понекогаш, повремено, ги мачи суетата и сакаат сепак некој вид на признание, но многу брзо им поминува. Кога ќе изгубат се однесуваат културно и прибрано, немаат проблем да го признаат поразот и честитаат. Тие се вистински „фер плеј“ играчи.

Јарец – Ако победи, тоа навистина значи многу за него, но останува смирен. Победа се смета за очекуван резултат од неговиот напор. Слави кратко, без премногу да се грижи за тоа бидејќи тоа за него не е крај, се уште има потреба да се гради. Ако изгуби, никогаш не се помирува со поразот, но сепак ќе биде реален. Брзо ќе ги разгледа опциите и своите можности и следниот пат уште повеќе ќе се бори за тоа, се додека не победи.

Водолија – Тие од своите победи веднаш прават шоу за пријателите и општеството. И најмалите ситници ги прават среќни, но не им значат ништо ако не можат да ги поделат со своите пријатели. За нив сите достигнувања се вредни само ако можат да ги споделат и да им припаѓаат на сите. Не се радосни кога губат, но за нив тоа е релативно. Длабоко во себе создаваат нов стил и начин преку кој во иднина нема да останат без резултат или нова победа.

Риби – Кога ќе победи, рибата обично не разбира што значи тоа. Не знае како да се однесува на престолот, но би сакале да седат со часови со поразениот и да го тешат. Нивната мирољубива природа не останува никогаш рамнодушна кон слабите. Ако загубат, ќе плачат со денови и ќе се ѓалат на својата судбина се додека не им здосади. Потоа стануваат рамнодушни и продолжуваат понатаму.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он