По мобилни телефони Босанците побогати од Кинезите!

Од:

На сто босански граѓани доаѓаат по 91 мобилен телефон, така БиХ според овој параметар е пред некои многу побогати држави како Кина. Имено, според достапните податоци, сто Кинези располагаат со само 89 мобилни телефони, додека на пример, сто жители на Турција имаат 90 телефони.

Според информациите од Регулаторната агенција за комуникации (РАК), во БиХ од 2004 година, па до минатата година, за која постојат најнови податоци, вртоглаво растел бројот на сопствениците на современи мобилни телефони. Исклучок е 2010 година, кога е забележан благ пад.

– Бројот на мобилните претплатници во БиХ на 31 декември 2013 година бил 3.488.319, со индекс на раст во однос на 2012 година од 104,06. Бројот на припејд претплатниците и натаму е повеќекратно поголем во однос на бројот на постпеид претплатниците, наведува РАК.

Претставници на операторите во БиХ велат дека успеси нижат благодарение на тоа што константно го подобруваат квалитетот на своите услуги.

– Во текот на минатата година забележан е раст на бројот на претплатниците на мобилната телефонија во однос на 2012 за околу 24.000. Бидејќи денешните корисници се едуцирани, ги прифаќаат брзите промени на пазарот и бараат квалитет, а ние константно се трудиме да го унапредиме квалитетот во сите сегменти, замислуваме нови, атрактивни решенија и инвестираме во технолошкиот развој, вели Аида Халиловиќ, портпарол на компанијата „М-тел“.

Мелиса Новалиќ, стручен соработник за односи со јавноста во компанијата „БХ Телеком“, исто така вели дека бележат раст на бројот на претплатници во мобилната телефонија.

– Со пружање на нови и подобрени постоечки услуги, како и со воведување на нови тарифни пакети за посптеид корисниците, дојде до зголемување на бројот на претплатниците на „БХ Мобиле“ мрежата во текот на ланската година во висина од 13 отсто во однос на претходната година, вели Новалиќ.

Лавинија Тадиќ од Одделот за корпоративна комуникација во компанијата „ХТ Мостар“, вели дека бројот на нивните корисници во минатата година останал главно еднаков на тој во 2012 година.

Инаку, според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, паралелно со растот на бројот на мобилни телефони кои ги поседуваат граѓаните на БиХ, расте и минутажата потрошена на разговори на истите.

– Вкупниот сообраќај на мобилната мрежа во 2013 година изнесувал 2,8 милијарди минути, што покажува раст од 6,3 отсто во однос на претходната година, соопштија од Агенцијата за статистика на БиХ, од која наведуваат дека сепак за околу една петтина е намален бројот на испратени СМС пораки, а за околу 29 отсто имало помалку испратени ММС.

Имено, минатата година Босанцците испратиле 1.538.827.279 СМС пораки, а ММС 3.087.684 пораки.

Од здружението за заштита на потрошувачите претходно предупредуваа дека сепак треба да се штеди кога се телефонира, додека економистите и други експерти оценија дека мобилните телефони не се само уреди за комуникација, туку се сметаат и за статусно средство.

Независне новине – Бања Лука

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски