Јужнопацифичкиот остров Ниу пушти во промет монета со ликот на Мики Маус на едната и кралицата Елизабета на другата страна.
Монетата е изработена на Нов Зеланд од злато и од сребро. Но, монетите најверојатно нема да бидат користени бидејќи скапоцените метали од кои се изработени се повредни од нивната номинална вредност. Монетите ќе бидат интересни за колекционерите.
На полинезискиот остров Ниу живеат околу 1.400 луѓе. Во 2011 година Ниу на Нов Зеланд изработија монети со ликовите од научнофанатастичната серија „Војна на ѕвездите“, а минатата година со ликовите од британската научнофантастична серија „Доктор Ху“.