Платил 100.000 долари за 100 операции за да личи на куклата Кен

Од:

После Валерија Лукјанова, девојката која после низа пластични операции ја нарекоа „Жива Барбика“, светот доби и жив Кен. Тоа е Џастин Џедлик, момче кое до сега имаше над 100 пластични операции затоа што сака да достигне идеалот на „совршена убавина“.

Џастин (32) на досегашните 100 операции потрошил околу 100.000 долари. Сега со право можеме да заклучиме дека тој е жива кукла Кен.

– Секогаш бев поклоник на пластичната хирургија затоа што сметам дека тоа може да биде креативно, рече Џедлик гостувајќи во телевизиска емисија. Меѓу неговите операции, дури пет се реконструкции на целото лице, изгледот и формата на челото, образите и јагодичните коски, усни, задница и брадата. Првпат отишол под нож кога имал само 18 години. Штом станал полнолетен, Џастин прво го оперирал носот.

– Носот навистина најмногу ми пречеше. Се чуствував дека поради него се издвојувам во однос на другите луѓе и бев многу несреќен. Кога се оперирав бев најсреќен на светот, таа еуфорија не можам да ја опишам, објасни момчето.

Во текот на емисијата дури ја соблече кошулата за да ги покаже своите импланти на градите кои сега изгледаат совршено обликувани, но кога ќе се допрат, јасно е дека станува збор за силикони.

Џастин рече дека себе си се смета за уметничко дело. На прашањето дали толку операции биле опасни по неговото здравје, објасни дека лекарите го предупредила за се, но никој неможе никому да забрани да прави со своето тело што сака.

– Секогаш постои можност нешто да тргне наопаку, но тие ризици се минимални, рече тој.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските