Пивото придонесува за слабеење и намалува ризик од срцеви болести

Од:

За многумина е уживање во топлите летни денови да се седне на тераса и да се испие пиво, а сега постои совршен изговор за тоа почесто да се прави.

Истражувањата покажаа дека пивото е многу корисно за здравјето. Но, треба да се внимава да не се претера. Пивото може да ве заштити од Алцхајмеровата болест, помага при намалување на тежината и го намалува ризикот од срцеви болести.

Во списанието „Journal of the Science of Food and Agricuiture“ е објавено дека темното пиво содржи повеќе железо од посветлата верзија. Со истражувањето се утврди дека умерените „пивопијци“ имаат дури 42 отсто помали шанси да заболат од срцеви болести.

Според списанието „Men’s health“, едно шише пиво дневно (половина литар) може да го намали ризикот од појава на камен во бубрег дури 40 отсто.

Научниците открија дека силициумот кој се наоѓа во пивото го намалува внесот на алуминиум во дигестивниот тракт и го забавува собирањето на метал во организмот и мозокот што е добар борец против Алцхајмеровата болест.

Што се однесува до „пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото дебелее. Дури тврдат дека помага за губење на вишокот на килограми.

– Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага во варењето на мрсната храна. Содржи многу влакна, па две чаши пиво овозможува дел од препорачаната доза, што овозможува што подолго време да се чувствувате сити, изјави доктор Стефан Домениг, секретар на The Original F.X.Mayr Health Centre  во Австрија.

И покрај доказите за здравствените предности на пивото, National Health Service предупредува дека редовното пиење на пиво може да го зголеми ризикот од појава на рак на грлото, рак на дојката кај жените, мозочен удар, висок крвен притисок, болести на црниот дроб, желудник и намалување на плодноста.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска