Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

Од:

На компанијата „Миноква Бруинг“ (Minocqua Brewing Company) од Висконсин ѝ е одземена државната лиценца. Одлуката уследи откако компанијата на социјалните мрежи објави дека ќе дели бесплатно пиво на денот на смртта на Доналд Трамп, што поттикна истрага од страна на регулаторните органи, пренесува „Унилад“ (Unilad).

Државните службеници на Висконсин ја потврдија одлуката за одземање на лиценцата завчера.

Спорна беше една објава во која пишуваше: „Бесплатно пиво во текот на целиот ден кога тој ќе умре. Покажете ни ја оваа објава кога тоа ќе се случи за неколку месеци и ние ќе го исполниме ветувањето“.

Откако објавата се прошири на интернет, уследија илјадници негативни коментари и закани за бојкот, како и пријави до надлежните органи.

Неколку месеци подоцна, по обидот за атентат врз Трамп, пиварницата објави нов статус: „Гледајте, за малку ќе добиевме #дензабесплатнопиво (#freebeerday). Или некој од Движењето на отпорот треба да поработи на прецизноста, или тој исценирал уште еден атентат за да добие позитивен публицитет во медиумите. Никогаш нема да дознаеме“, напишаа тие.

По итна административна постапка, регулаторните органи заклучија дека промоцијата прекршила неколку државни прописи за алкохол. Тие особено се повикаа на правилата за рекламирање и стандардите за јавна безбедност.

Според законите во Висконсин, носителите на лиценци за алкохол мора да се придржуваат до строги правила во врска со промоциите и рекламирањето.

Би можело да ве интересира

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

(ВИДЕО) Трамп ја отпушти Кејти Закарија, една недела откако ја назначи за портпарол на Белата куќа

А1он

Лукашенко до Трамп: Не одлучуваш ти, украинскиот народ ќе одлучи!

А1он