Пилотот на шведската авио-компанија „Нексџет“ употреби секира за да ја отвори вратата на тоалетот во авионот, во која се заклучи пијан патник неколку минути пред слетувањето, соопшти денеска шведската полиција.
За време на летот од Стокхолм до Ерншелдсвик, пијаниот патник се заклучил во тоалето десетина минути пред слетувањето на авионот.
Со оглед на тоа дека правилата на шведската авио-компанија налагаат дека патниците не смеат да се наоѓаат во тоалетот за време на слетувањето на авионот, пилотот ја искористи секирата за да ја отвори вратата на тоалетот откако патникот одбил да излезе.