Петте најубави љубовни писма во историјата

Од:

Честитката која Џони Кеш и ја напишал на својата сопруга Џун Картер е прогласено за најубавото љубовно писмо на сите времиња.

Инаку, писмото е напишано во 1994 година, а “човекот во црно” на сопругата и го честитал 65-от роденден и со тоа ги освои бројните гласачи кои во анкетата на британското друштво за осигурување “Beagle Street” го бираа најубавото љубовно писмо во пресрет на Денот на вљубените.

“Среќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме еден на друг мислите. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш малку си се нервираме. Понекогаш можеби и еден со друг се земаме здраво за готово.

Но, понекогаш, како денес, размислувам за се и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена која ја имам запознаено. Се уште ме фасцинираш и инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главна причина поради која постојам. Многу те сакам. Среќен роденден, принцезо” – Џон.

Меѓу останатите писма кои се најдоа во изборот се и писмата на Винстон Черчил, Џон Китс, Ернест Хемингвеј и Бетовен.

2. Писмо од Винстон Черчил до сопругата Клементина (1935)

“Моја драга Клеми, во твоето писмо од Мадрасо напише зборови кои ме допреа, за тоа колку сум го збогатил твојот живот. Не можам да опишам колку ме направи среќен тоа, бидејќи кога би постоеле љубовни сметки, засекогаш би ти бил должен”

3. Писмото на Џон Китс на сосетката Фани Браун (1819)

“Не можам да постојам без тебе. Заборавам на се друго и само тебе сакам да те гледам повторно. Мојот живот во тој момент застанува. Не гледам понатаму. Ме апсорбираш”.

4. Писмото на Ернест Хемингвеј за Марлин Дитрих (1951)

“Не можам да ти кажам дека секој пат кога ќе те прегрнам се чувствувам како да сум дома”.

5. Наполеон и Џозефин (1796)

“Откако те напуштив, непрестано сум потиштен. Мојата среќа е покрај тебе. Непрестаано ги проживувам сеќавањата за твоите допири, солзи, твојата грижа. Пламен од шарм на неспоредливата Џозефин непрестано гори и сјаи во моето срце”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ