Пет совети за првото заминување на скијање

Од:

Заминувањето на скијање секако е една од добрите страни на зимата. Уживањето во свежиот воздух во природа, игрите и спортските активности на снегот претставуваат радост и за децата и за возрасните.

Следат пет совети за сите оние кои прв пат заминуваат на зимски одмор со своето семејство или пријателите:

1. Облекувајте се во слоеви

Зимурливите типови на луѓе веројатно при излегувањето на планински воздух мораат да облечат повеќе облека. Временските прилики во планините, кои често се менуваат и постојаната физичка активност бара облекување во слоеви. Немојте да облекувате облека од џинс и памук, бидејќи овие материјали впиваат вода. Носете облека од водоотпорен материјал, што посебно се однесува на панталоните. Облечете топли чорапи, имајте при рака и резервни суви чорапи, но не морате одеднаш двата пара да ги облечете за да не ви се потат нозете.

2. Заштитете се со креми за сончање

Со оглед на опасноста при изложување на сонцето, веројатно не ви паѓа на памет да заминете на плажа без очила за сонце и креми за сончање. На скијање сте облечени од глава до пети, но не заборавајте на кремата за сончање, бидејќи таа ја штити кожата на лицето и усните, затоа што сонцето во планините е подеднакво опасно како и сонцето во градот и морињата. Поради рефлективната природа на снегот, според некои проценки дури и 80 отсто од сончевите УВ зраци се рефлектираат на неговата површина.

3. Понесете очила, капа и ракавици

Дури и доколку не поминувате многу време на скијање, туку шетате и минувате време во природа, задолжителни ви се очила за сонце со УВ заштита. Доколку планирате секоја година да одите на скијање, вложувате во добри скијачки очила. Својата глава, како и детската, заштитете ја со капи и траки и задолжително понесете неколку пара ракавици. Набавте шал, кој се облекува преку глава.

4. Не заборавајте да пиете вода и да јадете

Имајќи предвид дека со скијањето користите нови мускули, лесно ќе се заморите, затоа немојте да заборавате да јадете и да пиете вода. Ако планирате да поминете подолго време на снег, спакувајте си мусли или енергетски плочки. Немојте да земате свежо овошје и намирниците кои можат дасе згмечат во јакната или во ранецот.

5. Запишете се на училиште за скијање

Скијалиштата нудат курсеви за скијачи почетници, како за деца, така и за возрасни. Можеби одамна сте научиле да скијате, но добро е да се потсетите на основите на однесувањето на скии. Децата полесно учат во мали групи, а позабавно им е на снегот. Меѓутоа доколку вашето дете нема претходно искуство на снегот, внимавајте групата да не му стане извор на дополнителен стрес.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ