Пет неверојатни работи кои ги прави вашиот мозок додека спиете

Од:

Спиењето е активност која е многу важна за здравјето и општото добро на секој човек. Интересно е дека поминуваме четвртина од својот живот во спиење, но всушност никогаш не е објаснето зошто спиеме.

Знаеме дека после спиењето сме полни со енергија и дека сонот го подобрува нашето расположение, но што поточно се случува во мозокот додека одмораме?

Како што се чини, нашиот мозок додека спиеме е се само не мирен.

Еве што се случува во нашата глава за време на сонот:

1. Донесува одлуки

Мозокот процесира информации и се подготвува за акција во текот на сонот, ефективно одлучувајќи додека е без свест, покажаа најновите истражувања. Ова го покажа неодамнешната студија во журналот „Кјурент Бајолоџи“ која докажа дека мозокот се стимулира во текот на сонот и користи информации кои му се на располагање за да донесе одлука во будна состојба.

2. Креира и чува спомени

Додека спиеме мозокот формира нови спомени, ги храни оние старите и ги врзува оние новите со некои стари сеќавања.

3. Прави креативна врска

Во текот на спиењето мозокот креира некои нови врски и така ги поврзува наизглед далечните врски кои доведуваат до целосно нови идеи.

4. Ги чисти токсините

Серијата студии кои се направени во 2013 година покажаа дека спиењто за мозокот е како чистење на куќа. Истражувачите од Универзитетот во Рочестер докажаа дека оштетените молекули во мозокот се чистат во текот на спиењето.

5. Учи и потсетува како да се извршат психичките задачи

Мозокот ги складира информациите во долготрајна меморија преку интервали на сонот кои испраќаат силни фрекевенции до мозокот.

Овој процес е посебно важен за нашите моторички способности како што се возењето, држењето тениски рекет или вежбање на танцови движења.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ