Ах, жени, жени! Дали сте вие најкомлицирианите суштества што постојат? Или пак само за вас, наспроти послилниот пол, сите работи во животот мора да бидат комлицирани, па дури и сексот. Сепак во 21. век, некои грешки не треба да ги правите, барем не се уште.
Ви се чини ли дека понекогаш сексот и не ви причинува посебно задоволство, па глумите дека ви е супер. Ако ви е се исто и монотоно, направенте промена да не биде тоа така.
Ариана Мардер за магазинот „Glamour“ ги опишува петте грешки кои жените ги прават во кревет постојано, наместо да се потрудат да добијат добра забава.
1. Немојте да глумите оргазам
Глумењето најчесто им се случува на жените. Може да се прости во одредени ситуации, но не треба да ви стане навика. Можеби мислите дека на тој начин најлесно се ослободувате од обврските во креветот, но не сте во право. Покрај тоа, речиси секој маж добро ќе се потруди да ве доведе до лудилото, па најдобро е тоа и да му го дозволите.
2. Иницијатива
Денес сите се оптоварени со проблеми и обврски, па можеби не би било лошо малку да си дозволите да се опуштите за момент. Мажите во повеќето случаи ја изразуваат својата потреба за секс без никакви предрасуди, но зошто да не и жените. Понекогаш и тие самите треба да преземат иницијатива и да не делуваат толку „скапоцено“. Тешко е само да започнете, а подоцна ќе сфатите колку многу ви било потребно само милувањето со вашиот сакан и колку било убаво.
3. Мрзеливост
Ако сте се веќе впуштиле во секс – играта, немојте само да лежите и да уживате, а да му оставите нему да направи се. Тоа е рецепт за лош секс. Разбудете се, кажете му што сакате и вклучете се целосно во акцијата.
4. Иновации
Никој не вели дека треба веднаш да се фрлите во жестока предигра која вклучува врзување и камшик, но зарем не ви здосади истиот секс повторно и повторно.Започнете со едноставни нешта како што се поинакви пози и истражувајте го малку повеќе тоа што ви се допаѓа. Никогаш не се знае, можеби ќе откриете некое ваше поинакво „јас“ за кое не сте ни сонувале дека постои, а сексот со новото открите дефинитивно ќе биде подобар. Затоа нема причина да не дејствувате и да не менувате.
5. Срам
Вашиот партнер веднаш ќе ја забележи идејата и самодовербата, ако покажете малку иницијатива и нема да може да ви одолее. Немојте да се срамите да ја користите вашата фантазија и да ја испробате, на ваше барање, некоја поинаква поза што долго време ве интригира. Отворете се и не грижете се, бидејќи секој маж би сакал заедно со вас да го истражува она што и вие би го сакале.
За крај, претпоставуваме дека нема потреба да напоменеме колку е важен сигурниот секс. Сепак нема да биде лошо да повториме дека попаметно е да се користи заштита отколку подоцна да се кае поради нејзиното игнорирање.