Пејачот Р Кели е обвинет сексуална злоупотреба на жени и тинејџерки, објавија американските медиуми. Тој се товари со 10 точки од обвинението за тешки криминални сексуални злоставувања, особено на деца.
Р & Б ѕвездата, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, никогаш не бил осуден и претходно ги отфрлил сите наводи.
52-годишниот пејач се очекува да се појави пред судот во Чикаго, каде што и живее, на 8-ми март.