Диетата со печурки, која го освои светот, по потекло е од Велика Британија, а во Холивуд ја практикуваат Кејти Пери и Кели Озборн.
Оваа диета е наречена уште и М-План, а творците тврдат дека со нејзина примена се намалува обемот на надлактиците, колковите и струкот, додека градите остануваат какви што биле претходно.
Планот всушност е многу едноставен, бидејќи еден оброк дневно се заменува со оброк од печурки, и тоа трае две недели.
Експертите се многу скептични, тврдејќи дека не е можно да се одреди кои делови од телото ќе слабеат, а кои не, поради начинот на кој човечкото тело ги губи килограмите.
Сепак, тие тврдат дека печурките се навистина одлична храна која има само 25 калории во една лажица, а исто така се богати и со калиум, повеќе отколку бананата и портокалот.