Бесмртниот крал на регето Боб Марли се присоедини кон Барак Обама и Елвис Пресли во елитниот клуб на познатите, во чест на кои се наречени биолошки видови.
По Марли е наречен еден паразит во вид на рак, кој ги напаѓа рибите, а кој ги населува карипските корални гребени. Паразитот, што се храни со крвта од рибите, веќе е познат како Gnathia marleyi.
– Му го дадов името на Марли на тој вид, кој е вистинско чудо на природата, поради почитта и восхиитувањето кон музиката на Боб Марли, изјави Пол Сикал, морски биолог на Универзитетот на државата Арканзас.
– Освен тоа, тој вид е уникатно карипски – исто како Марли, додаде тој.
Претседателот Обама го даде името на лишај, а Елвис – на оса.