Папата Франциско ќе има налог на Инстаграм

Од:

Ватикан во сабота ќе му отвори налог на папата Франциско на социјалната мрежа за споделување на фотографии Инстаграм, пренесува БТА. Налогот ќе биде именуван „Franciscus“.

Светиот отец избрал тој да биде отворен токму во сабота, бидејќи тогаш се навршуваат три години од кога стана папа.

Папата Франциско веќе има налог на Твитер.

На 26 февруари папата Франциско го прими во Ватикан милијардерот Кевин Систром, основачот на Инстаграм.

– Зборувавме за моќта на фотографијата, и за нивното значење како средство за обединување на луѓето, на сите култури и сите јазици, изјави папата по аудиенцијата.

Инстаграм е филијала на Фејсбук и има 400 милиони корисници во светот.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски