„Памукале“’ во превод значи „тврдина од памук“’. Местото и го добило таквиот назив заради специфичниот изглед на серпентините и терасите, додека легендата зборува дека во дамнешни времиња дивовите тука го сушеле памукот, па од таму и името „Памукале“.
Местото се наоѓа на Егејско море и претставува исклучително значајно природно обележје на Турција.
Доколку ги погледате фотографиите од Памукале ќе помислите дека станува збор за снежни тераси или за замрзнати водопади, а тајната за преубавиот изглед на ова место се всушност изворите со високоминерализирана вода богата со калцијум, што се сливаат низ каскадните тераси на навалениот терен.
На овај начин се создава белкасата мрежа, чија блескава бела боја може да се види и на оддалеченост од 20 километри.
Температурата на изворите е меѓу 35 и 100 степени Целзиусови и со милениуми наназад овие термални води благотворно делуваат на психо-физичката состојба на луѓето кои се капат во нив.
Освен со своите воодушевувачки природни карактеристики Памукале во себе крие и бројни културно-историски атракции. Античкиот град Хиераполис, кој имал значајна улога во ширењето на христијанството во Анадолија, е изграден на термалните извори на Памукале.
Во него не би требало да се заобиколат ниту древниот римски амфитеатар, а уште некои од знаменитостите преку кои ќе го почувствувате духот на античките времиња се Аполоновиот храм, Некрополата, Домициовите пат и капија, Храмот на Плутон, римските купатила, и уште многу други нешта.