„Памела“ наскоро ќе спасува давеници

Од:

Времето кога луѓето ги спасуваа давениците од водата, најверојатно заврши, благодарение на инвентивноста на Јапонците.

Научниците од универзитетот во Токио го преставија својот најнов производ, робот изграден според моделот на олимписките пливачи чија основна задача е да спасува човечки животи од вода.

Тие во моментот се уште работат на прототипот, кој треба целосно да ги поддржува движењата на пливачите.
Роботот е наречен „Свиманоид“, може да плива во слободен стил со брзина од 0,64 метри во секунда, што е само една третина побавно од светскиот рекорд, а „грбниот“ стил и „пеперутка“ не му се познати.

Тимот кој работи на проектот, предводен од професорот Мороми Накас, се надева дека во иднина роботите ќе бидат во можност да ги преземеат целосно улогите на спасувачите на плажите и да им помогнат на пливачите во неволја.

За жал, се уште овој робот е далеку од преземањето на улогата на Памела Андерсон во „Чувари на плажата“, затоа што издржливоста, перформансите и отпорноста на вода се уште се проблем, но во следните неколку недели и тие проблеми би требало да бидат решени.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он