Чистачка на улици во Рио де Жанеиро стана интернет сензација по фотографијата на која заводливо позира во работничка портокалова облека. Нејзиното име е Рита Матос.
Рита преку ноќ стана популарна откако нејзините фотографии почнаа да кружат на интернет минатата недела. Причината – Рита е многу убава.
– Луѓето се изненадени кога ќе видат дека убава девојка работи како чистач на улици. Велат дека би можела да најдам подобра работа. Но зошто чистачите на улици мора да бидат грди? Очигледно постојат предрасуди, рекла Рита за бразилските весници.
Таа секое утро станува во 4 и 20 и работи смени долги по 12 часа. Чисти улици и одводи и за тоа е платена 400 долари месечно.
– Многу сум горда на она што го работам. Иако е напорно, добро се забавувам, вели Рита.
Рита вели дека ужива во својата работа, но сепак, вниманието на медиумите би сакала да го искористи и да направи пресврт во својата кариера. Би сакала да биде модел. За одредена сума пари, Рита би размислила и целосно да се разголи.
Со славата, дошле и голем број додворувачи, но Рита веќе седум години е во врска со свој колега.