Нова постројка што може да помогне за медицински истражувања за канцерот е изградена во Европската лабораторија за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
„ЦЕРН МЕДИКУС“ ги произведе првите радиоизотопи, а во иднина ќе создава широк спектар на радиоизотопи, од кои некои може да бидат произведени само во единствената постројка „ИСОЛДЕ“ во ЦЕРН.
Тие радиоизотопи се наменети за болниците и истражувачките центри во Европа, каде што дијагностицирањето и лекувањето со користење на радиоизотопи значително напредува.
„ЦЕРН МЕДИКУС“ ќе им овозможи на истражувачите да измислат и тестираат неконвенционални радиоизотопи со цел да развијат нови начини за борба против ракот.