Отворање на новата сезона во Станица 26

Од:

По одличната забава што се случи изминатиот петок во Клубот Станица 26 во соработка со промотерската куќа БАЛАНС, каде настапи детроитското тандем техно дуо „Octave one“ својата 4-та сезона како С26, овој ноќен клуб официјално ќе ја започне в среда на 19 октомври. Ќе настапат диџеите Александар Мискоски и Андреј Мицајков. Овие двајца артисти се познати по своите еклектични миксови од диско и хаус.

Оваа сезона клубот Станица 26 во соработката со БАЛАНС ќе се претстави со многу интересни, пред се, андерграунд музички содржини. Музичките правци ќе бидат многу разнолики од Jazz, преку Funk, Soul, R n’B, Hip Hop, Disco, House, па се до Techno.

Баланс е докажана промотерска куќа, која има организирано десетици настани со артисти од разни страни на светот, како и активна промоција на домашни артисти. Има организирано три фестивали, кои имаа огромна посетеност, два пати досега фестивалот „Фонетика“, кој се случи во Изгрев и Ливадиште Струга и едно издание на „Етика Фестивал“ на плажата Парк во Охрид. Баланс исто така во 2006 година, пред точно 10 години во соработка со издавачката куќа „Три“ го објави преводот на македонски на познатата книга за електронска музика на Г-дин Laurent Garnier (ЕЛЕКТРОШОК)…

Баланс воедно е куќата, која својата работа ја започна на 15 јули 2000 година, каде за првпат пред македонската публика го претстави добро познатиот Derrick May. 14 години подоцна, поточно во 2014 година во Антички театар во Охрид, Меј настапи со Македонската Филхармонија. Баланс својата мисија и идеја ја продолжува… со цел да се доразвие и надогради со својата програма во Станица 26.

Четвртокот 20 Октомври клубот Станица 26 ќе започне со тематска забава насловена како „СКОПСКА СИТУАЦИЈА“. Првиот четврток на „Скопска ситуација“ ќе настапи добро познатиот дј Чваре, а гостин на вечерта ќе биде Dj IRon oд Белград, артист кој настапува со повеќе жанрови на винил формат.

Петок 21. октомври ќе настапат Никола Ризов и Горан Кан. Никола Ризов е артист со фантасична винилна колекција, која постојано се надополнува од самите почетоци на електронската сцена во Македонија до денес. Горан Кан е артист докажан пред македонската сцена и пошироко има настапувано во познатиот берлински клуб „Трезор“ а неговата продукција е почитувана од многу светски артисти. Вистинско андерграунд доживување.

Станица 26 првата неделна програма ќе ја заврши на 22 oктомври, сабота. Оваа вечер ќе биде резервирана за хаус музика, а ќе настапт диџеите Вишко и Маци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето