Откриено како Јапонките изгледаат толку младолико

Од:

Јапонците се нација која има најдолг животен век 82,5 години и имаат најмногу стогодишници на светот. Овие податоци го привлекле вниманието на стручњаците кои се обидуваат да откријат во што е тајната на нивната долговечност.

Стапката на гојазност во Јапонија е 3,5 отсто, во споредба со Британците каде четвртина од од жителите се гојазни. Во Јапонија, заболувањето од рак на дојката, простата или срцевите болести се поретки отколку во другите делови на светот. Јапонците објаснуваат дека здравите навики се клучна работа ако сакате да ја доживете стотата година од својот живот.

– Интересно е да се каже дека Јапонците оброкот го завршуваат со шолја зелен чај, додека жителите на многу други земји посегнуваат по десерт . Ако не можете во целост да се одречете од десертот, тогаш подбро изедете го предпладне со кафе и се разбира во мали количини – вели докторот Крег Вилкокс.

Во секој случај треба да јадете што е можно помалку слатки. Шекерот е поврзан со гојазноста, дијабетесот, срцевите болести и зголемениот крвен притисо. Јапонците во просек внесуваат 48,8 грама шекер дневно во споредба со Британците кои внесуваат околу 100 грама дневно.

На јапонскиот осторв Окинава живеат најголемиот број на стогодишни луѓе кои тврдат дека тајна на долговечноста е да не се прејадувате, туку стомакот да го наполните околу 80 отсто. Престанете да јадете пред да се најадете и по неколку минути ќе сфатите дека тие последни залчиња не ви биле потребни.

Така помалку ќе јадете, ќе одржувате витка линија и ќе бидете поздрави, тврдат стручњацитеМногу експерти за исхрана се согласни со оваа теорија и тврдат дека по 20 минути откако ќе го завршиме оброкот, мозокот сам прима сигнал дека стомакот ни е полн.

Тоа значи дека многумина јадат брзо, и јадат повеќе отколку што им е потребно.. Во чинијата ставете помали количества храна бидејќи така ги намалувате шансите да се прејадете, тврди Наоми Моријама , автор на книгата „Јапонките не стареат и не се дебелеат“.Како основен продукт во исхраната на Јапонците е сушито кое е важен извот на Омега 3 масни киселини, кои се важни за функционирање на мозокот и за одржување на здравјето на срцето.

Јапонците јадат помеѓу 80 и 100 грама риба дневно и тоа го препорачуваат на сите кои сакаат да ја доживеат стотата година.

Стручњаците тврдат дека редовната консумација на риба е причина поради која Јапонците немаат проблем со срцеви болести и висок холестерол.

Овој азиски народ препорачува да јадете риба или суши барем еднаш неделно, но да не го прелевате со соја сос бидејќи содржи многу сос.Една од тајните за долговечноста на Јапонците е и начинот на живот кој подразбира што повеќе да се движите и пешачите, вели Моријама.

Пешачете помеѓу два и пет пати на ден и помалку седете. Редовното пешачење може да ви го продолжи животот за 7 години.

Кај нас тренинзите со јога и Таи чи чуан не се вообичаени, но Јапонците тврдат дека тоа е идеален начин да го вежбате телото и духот и да го намалите стресот.Со вековби наназад Јапонците јаделе ферментирано овошје кое го стимулира растот на добри бактерии во цревата.

Студиите покажале дека добрите бактерии го зајакнуваат имунитетот за 80 отсто. И за на крај е важно редовно да одите на лекарски прегледи.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ