Откриена е причината зошто Бред Пит и Џорџ Клуни не зборуваа со години

Од:

Бред Пит и Џорџ Клуни не беа во контакт со години, а неодамна заедно се појавија на филмскиот фестивал во Венеција. Странските медиуми пренесуваат дека девојката на Бред, Инес де Рамон е заслужна за поправање на односите.

Нивното пријателство беше напнато додека Бред беше во брак со Анџелина Џоли. Изворите тврдат дека неа и пречела Амал Клуни.

Тие изјавија дека Анџелина долго време ја држела титулата „најгламурозна хуманитарка на светот“, со оглед на тоа што 21 година била специјален пратеник во ОН. Таа се повлече од оваа позиција во 2022 година.

Не ѝ се допаднало тоа што адвокатката Амал одеднаш се најде во фокусот на јавноста и што меѓу другото се занимава и со човекови права. Мислела дека ќе и ја одземат титулата хуманитарец. Анџелина и Бред не присуствуваа на нивната венчавка, која се одржа во 2014 година во Венеција.

Девојката на Бред, Инес де Рамон, го убедила да се смири со неговиот стар пријател. Со Клуни се појави на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и одлично се забавуваа.

“Инес е целосна спротивност на Анџелина. Таа одлично се сложува со сите негови пријатели. Таа етолерантна”, рекол изворот.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ