Откриен хормон кој го спречува неверството

Од:

Довербата, сигурноста и љубовта се меѓу најважните работи за успех на една врска. Сега на врвот на оваа листа може да се додаде и „окситоцинот“, хормон за кој германските научници утврдиле дека мажите ги прави верни партнери.

Истражувањето било извршено врз 86 мажи. Од нив 57 го користеле окситоцинот со вдишување, додека останатите биле изложени на плацебо ефект. Секој испитаник потоа бил запознат со една од жените која во претходно извршено испитувања ја оцениле како атрактивна.

Истражувачите откриле дека споменатиот хормон ги наведува оние мажи кои се во сериозна врска да држат физичка дистанца (10-15 сантиметри) меѓу нив и жената. Меѓутоа, тоа не значи дека под влијание на овој хормон, жената во експериментот не ги привлекувала, но ништо „посериозно“ освен контакт со очи не е забележано.

Самците, на кои им е даден хормонот, и оженетите, кои не земале доза на окситоцин, не се чувствувале непријатно додека жената им се приближувала.

– Окситоцинот е познат како хормон кој ја зголемува довербата во луѓето, па се надевавме дека под негово влијание мажите ќе бидат поотворени кон жените за време на истражувањето. Но се случи сосема спротивното, изјави шефот на истражувачкиот тим доктор Рене Урлеман од Универзитетот во Бон.

Тој објасни дека слични резултати претходно се забележани во животинскиот свет, но ова е првпат да постојат докази кои се однесуваат на луѓето.

Галењето, бакнежите и оргазмот доведуваат до лачење на окситоцин во човечкото тело. Некогаш е доволно и само физичко присуство на саканата личност за телото да го лачи овој хормон кој влијае на зголемување на довербата, пријателското однесување и поврзувањето меѓу партнерите или меѓу родителите и децата. Претходно е покажано дека жените, исто така, го лачат овој хормон за време на породувањето и периодот на доење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ