Откриен човекот кој бил инспирација за Фацата од „Сексот и градот“

Од:

Дали некогаш сте се прашале кој послужил како инспирација за ликот на славниот Фацата од серијата „Сексот и Градот“.

Многумина се согласуваат дека Крис Норт идеално го играше заводникот Џон Џејмс Престон, познат како Фаца.

Човекот во кој Кери цело време е заљубена, но поради него често е и на работ на нервите, ја одбележа телевизиска историја, а авторката на книгата „Сексот и Градот“, според која е снимена серијата, Кендис Башнел инспирација за него пронашла во нејзиното поранешно момче, публицистот Рон Галоти.

Писателката со него била во врска помалку од една година во текот на 90-те години од минатиот век, но тоа било сосема доволно за инспирација.

Двојката се запознала во 1995 година на една забава, а писателката сега во едно интервју опиша како го добил овој прекар.

– Тој беше еден од оние мажи со голема личност. Јас го забележав веднаш кога влезе во просторијата, изјави таа. 

Иако е плејбој, таа открива дека тој има да понуди многу повеќе и е одличен и во градината и во кујната и дека сепак повеќе е тип за „по дома“.

За Рон не се знае многу, освен дека неговиот прв брак, за кој знаеле само неговите најблиски, завршил трагично, додека со втората сопруга е веќе цели 12 години, па се чини дека фазата на плејбој навистина била само фаза.

Во интервјуто Кендис откри дека останала во контакт со Рон, но меѓу нив никогаш повеќе немало искри.

Би можело да ве интересира

„Ѕверката“ обвинет за силување

А1он

„Сексот и градот“ без Саманта, но со нов, родово неутрален херој

Ана Ололовска

Продолжува снимањето на реалистичната приказна на „Сексот и градот“

Ана Ололовска

Новите епизоди од „Сексот и градот“ без Саманта

Ана Ололовска

Третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ откажан поради една од протагонистките

Наум Локоски

Во реалниот живот Кери и Ѕверката никогаш не би биле заедно

Ана Ололовска