За диетите зборуваат често и слабите и тие кои имаат вишок килограми. И едните и другите прават грешки посегнувајќи за некои намирници, со тоа што некои се штетни за нашето тело, но се добри за душата.
Важно е ова последното да го правиме во што помали дози. Британските истражувачи ги анализирале прехранбените навики и утврдија осум вистини за диетите.
1. Во индустријата на различните редукциски диети во идните години ќе се потрошат 1,9 милијарди фунти (книги, препарати, интернетски планови, достава на храна во домот, полици во супермаркетите…)
2. Сериозните научни истражувања покажуваат дека повеќето од нив, поточно две третини од тие кои држат диети, по почетното губење на крај добиваат уште повеќе килограми. Значи, диетите во повеќето случаи дебелеат!
3. Кога ќе се одлучиме на диета, главно не го менуваме својот однос кон храната, па постои голема веројатност да развиеме негативна опседнатост со храната.
4. Не е непријатен само здивот од устата кој е последица на редукциските диети, проблем е нивната опасност за здравјето бидејќи организмот не добива потребни хранливи материи за здраво функционирање.
5. За многу диети се трошат ненормално многу пари.
6. Диетите често се козметика бидејќи не ги отстрануваат причините за неправилната исхрана и дебелината.
7. Информации за исхрана не можеме да најдеме на интернет. Вистинските извори се во биолошките науки кои го објаснуваат физиолошкото делување на организмот во здравје и болест, а врз основа на тие сознанија можеме да ги процениме и информациите на интернет.
8. Вашата исхрана е добра кога конзумирате намирници од кои тежината не ви варира, здравјето ви е добро и доволно сте активни на сите подрачја од животот. Важно е и да сте задоволни со својата тежина!