Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн

Од:

Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари.

Многу од жртвите на сексуална злупотреба на Епстајн беа малолетни лица.

Одговорниот за Фондот, Џордан Филдман изјави дека е во контакт со адвокати што застапуваат 70-тина од жртвите на Епштајн, но и дека е можно да се појават повеќе жени кои ќе бараат да бидат обесштетени.

– Очекувам барањата да варираат од неколку илјади до неколку милиони долари, рече Филдман.

По минатогодишното апсење, Епстајн се изјасни за невин за сексуална злоупотреба и трговија со жени и девојчиња во Менхетн и на Флорида. Набргу по неговото апсење, Епстајн се обеси во неговата затворска ќелија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Катерина Ѓуровски

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Џефри Епстајн имал широк круг пријатели: Сексуалниот предатор се среќавал со директорот на ЦИА, со советничка на Обама, со Чомски

Жртвите на Џефри Епстајн тужат две големи банки

Случај Епштајн: Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Ана Ололовска

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота

Ана Ололовска