„Оскарите“ без водител првпат по 30 години

Од:

Најсвечената холивудска ноќ, доделувањето на „оскарите“, ќе се одржи за нешто повеќе од еден месец и, по 30 години тоа најверојатно ќе биде без водител. Оној кому таа улога му беше доверена, комичарот Кевин Харт мораше да се повлече поради навредливи објави на социјални мрежи. А пак, замена за него не е пронајдена.

Настанот е закажан за 24 февруари, а номинациите ќе бидат објавени денеска. Иако организаторите сѐ уште официјално не потврдиле, извори од забавната индустрија говорат дека Американската академија на филмски уметности и наука го подготвува 91. доделување на „оскарите“ без водител.

Последен пат тоа се случи 1989 година, а овојпат тоа, се чини, ќе биде едно од најзасрамувачките во историјата, бидејќи секоја година паѓа и квалитетот и гледаноста на шоуто. Некои пак, мислат дека неуспехот во пронаоѓањето водител, всушност е добра вест. – Тоа е скриен благослов, ќе каже Тим Граy, уредник во „Варајети“.

– Луѓето веќе со години говорат дека форматот на доделувањето е непроменет од 1953., па му треба нешто ново и мислам дека вечер без водител е добра идеја, додава тој.

Би можело да ве интересира

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар