Осамен и нaпуштен: Ѕвездите од „Сексот и градот“ му свртеа грб по сите обвинувања

Од:

На крајот на 2021 година, четири жени го обвинија американскиот актер Крис Нот, познат по улогата на Ѕверка во серијата „Сексот и градот“, дека сексуално ги напаствувал.

Прва се огласи пејачката Лиза Џентиле која тврдеше дека се се случило пред 20 години во Њујорк.

Нот ги негираше сите обвиненија, а иако не беше докажано дека е виновен, неговата кариера после тоа тргна надолу.

Меѓу другото, грб му свртеа и сите ѕвезди од споменатата серија со кои тој успешно соработуваше со години.

„Не беше поканет на нивните забави. Се прашува зошто Сара Џесика Паркер и нејзиниот тим се уште го држат на дистанца“, изјавил добро информиран извор за порталот Page Six.

Споменатата серија неодамна ја сними премиерата на втората сезона од продолжението.

Сара Џесика Паркер и нејзините колешки само еднаш проговорија за ова.

„Длабоко сме со тага кога слушнавме за обвинувањата против Крис Нот“, се вели во претходното кратко соопштение.

Би можело да ве интересира

Почина актерката од серијата „Сексот и градот“

Горан Наумовски

Славната Миранда конечно ја покажа својата партнерка

„Ѕверката“ обвинет за силување

А1он