Продажбата на списанија во САД е намалена за 10 отсто во првата половина од 2012 година, а Космополитан е се уште најпродавано списание.
Падот на побарувачката е регистриран во продажбата на киосци отколку во претплата. Продажбата на поединечни примероци на списанија на киосци и други продавници изнесувала 26,4 милиони долари за првите шест месеци во 2012 година во однос на 29,1 милион во истиот период мминатата година.
Тиражот на Космополитан е намален за 16 отсто, на 1,4 милиони иако се уште е најпродаван. Најмногу е намалена продажбата на списанието во кое се нудат совети за слабеење – Вејт вочерс за речиси 28 отсто.
Американски медиуми наведуваат дека продажбата на списанија се намалува поради тоа што луѓето повнимателно трошат пари во нестабилна економска ситуација, но и поради бесплатните содржини на интернет на сајтови слични како и содржината на списанијата.