Луксузната патничка компанија Oliver’s Travels на двојките кои планираат свадба им нуди можност да ангажираат метеоролог и искусни пилоти за да ги „разбијат“ облаците, а се со цел да бидат сигурни дека најважниот ден ќе им помине без дожд. Цената е околу 150 илјади долари.
Авионите во облаците вметнуваат сребрен јодит кој предизвикуа кондензација на водена пареа и формирање на капките дожд. Таквите облаци испуштаат повеќе дожд со што се намалува ризикот од врнежи. Така може на време да се влијае и да се спречи дожд за свадбата..
Оваа услуга засега е достапна само во Франција, а се планира да се прошири и на Велика Британија. Оваа техника за распрскување на облаците наводно постои од 40 -тите години, а употребена е и на Олимписките игри во Пекинг 2008 година и три години подоцна на свадбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.