Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Од:

Домот на пејачката Џеси Џеј во Лос Англис неодамна бил ограбен, а таа вели дека бил украден накит вреден повеќе од 20.000 долари.

Станува збор за нејзиниот дом во кој живее со својот долгогодишен партнер, кошаркарот Чанан Сафир Колман и нивниот едногодишен син Скај, а како што пишува The Mirror, провалниците влегле преку прозорец кој претходно го скршиле.

Како што соопшти полицијата во Лос Анџелес, сè уште нема уапсени поврзани со грабежот. Џеси ја известила полицијата во четвртокот кога се вратила во нејзиниот дом за да открие дека бил провален и украден накит вреден повеќе од 20.000 долари.

Инаку, ова е само една во низата кражби што се случиле на тој простор. Имено, полицијата посочува дека и други познати личности во последно време имале проблеми со провалници.

Летово беше ограбена и вилата на Том Хенкс и Рита Вилсон, вредна 26 милиони долари во Pacific Palisades. Хенкс и Вилсон не биле дома кога тоа се случило, а според извештајот, безбедносниот аларм се вклучил кога провалниците искршиле прозорец од гостинска куќа на имотот.

Други познати личности и нивните имоти, вклучително и актерката Сара Хајланд и комичарот Марлон Вејанс, исто така беа мета на провалници, кои се чинеше дека напаѓаа познати личности кои не беа дома.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ