Одмор и Интернет: Офлајн или онлајн?

Од:

Секој втор Британец додека е на одмор барем еднаш дневно ја проверува електронската пошта, а во просек со себе носи барем пет гаџета.

Во најновото британско истражување, кое го спроведе сајтот Sunshine.co.uk, дури 49 отсто од испитаниците изјавиле дека редовно ја проверуваат електронската пошта за време на одморот, барем еднаш дневно. Дури три четвртини од „Интернет зависниците“ одморот го минувале со семејството или партнерот.

Четириесет и четири отсто од испитаниците всушност работат за време на одморот. Кога се во прашање професиите кои бараат работа за време на одморот, се истакнуваат односите со јавност и маркетингот, како и работата во медиумите и трговијата, пишува „Дејли телеграф“.

Со оглед на изнесените податоци не е чудно што дури 86 отсто од Британците пред да резервираат хотел проверуваат дали во собите има безжичен Интернет.

Едно слично истражување, кое неодамна го спроведе TravelSupermarket покажа дека просечниот британски патник со себе носи пет апарати, а најзастапени се дигитален фотоапарат (88 отсто), смартфон (86 отсто) и електронски читач за книги (77 отсто).

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ