Одмазда на добрите деца: Мирни во детството, успешни во животот

Од:

Добра вест за сите „бубалици“ стигнува од Универзитетот Вирџинија – оние кои во основното училиште биле мирни и повлечени во текот на животот подобро поминуваат од нивните „кул“ врсници.

Истражувачите од Универзитетот Вирџинија ги поделиле испитаниците во групи: во првата група биле популарните деца на 13 години, кои рано почнале да излегуваат на забави, правеле разни лудости и влегувале во емотивни односи пред врсниците. Втората група ја сочинувале мирни деца кои по ништо не се издвојувале. Следејќи го нивниот развој во следните десет години, научниците заклучиле дека популарноста во училиштето негативно влијаело на успехот во животот.

Некои резултати се загрижувачки: Омилените деца имаат 40 отсто повеќе изгледи во раната младост да користат дрога и алкохол, а веројатноста да влезат во проблеми со законот е 22 отсто повеќе отколку кај повлечените врсници.

Испитувана е нивната друштвена способност, односно колку добро се согласуваат со пријателите и љубовните партнери – социјалниот рејтинг им е 24 отсто понизок отколку на мирните врсници. Професорот по психологија Џозеф Ален изјави дека ова е „освета на добрите деца“.

– Во секое основно училиште имате „кул“ деца кои сакаат да се во центарот на вниманието и се фалат со разни гламурозни, возбудливи, некогаш и опасни активности, па стануваат популарни и предмет на воодушевување кај другите. Меѓутоа, десет години подоцна тие работат на пониските платени работни места воглавно во услужните дејности и имаат проблеми во врската и односите со луѓето. Од друга страна, детето кое било мирно, имало добри другари, но не привлекувално многу внимание, подоцна во животот одлично поминува. На некој начин, ова е „освета на мирните, добри деца, истакнува професор Ален.

Објаснување за ова, на прв поглед неочекувана појава, многу е едноствано: популарните деца се навикнати без многу труд да бидат омилени. Таквиот пристап подоцна не помага многу.

– Тие се навикнати да користат предност, што во зрелата возраст претставува потешкотии. Како што поминуваат годините, разбират дека мораат многу повеќе да се трудат околу работите кои им е важни, но и во однос со луѓето. Бидејќи не се трпеливи, често отстапуваат, потенцира професор Ален.

Би можело да ве интересира

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ