Судењето на францускиот актер Жерар Депардје за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот „Les volets verts“ во јуни 2021 година е одложено.
Неговите адвокати рекоа дека актерот не е добро и нема да се појави на денешното рочиште, по лекарски совет.
„Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да биде присутен на сослушувањето, поради што бараме одложување за подоцнежен датум за да може да присуствува“, изјави неговиот адвокат Жереми Асус за „Franceinfo“.
Инаку, Жерар ги демантира тврдењата за сексуален напад, а во април годинава полицијата го приведе на разговор, по што набрзо беше пуштен од полициската станица.