Одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Од:

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No Time To Die) е одложена за седум месеци. Повод се бројните повици на обожавателите поради стравот од новиот коронавирус.

Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи вчера на Твитер објавија дека првото прикажување е поместено за ноември 2020 година, односно премиерата во Велика Британија ќе биде на 12 ноември, а онаа ширум светот – на 25 ноември.

Филмовите за „агентот 007“ чинат огромна заработка на светскиот кинопазар. Претходниот Бонд филм „Спектра” (2015), на пример, заработи над 679 милиони долари, а над 84 милиони долари само во Кина.

Одложувањето на прикажувањата на холивудските филмови е под влијание на заканата од новиот коронавирус. Земјите коишто се најмногу погодени од вирусот, воведуваат или веќе воведоа забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите најкритични зони обележани поради вирусот.

Би можело да ве интересира

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Горан Наумовски

Двејн Џонсон сака да го глуми Џејмс Бонд

Ана Ололовска

Даниел Крејг: Немам ништо заедничко со Бонд

Ана Ололовска

Трето одложување на премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Катерина Ѓуровски

Почина Шон Конери, најпознатиот Џејмс Бонд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Погледнете го трејлерот за новиот „Џејмс Бонд“ – No time to die

Ана Ололовска