Од Велес заплови Вардарската регата „Гемиџии“

Од:

Од Велес низводно Вардар утрово заплови  17-та односно 6-та возобновена Вардарска регата „Гемиџии“.

Регатата се вози со 13 гумени сплавови и дрвената гемија, која втора година ќе плови по Вардар, а која е реплика на гемијата со која велешките трговци носеле стока по Вардар се до Солун.

Ангелче Гушев водач на регатата информира  дека годинава  има рекорден број со над сто учесници, како и гости од Србија и Бугарија со што Вардарската регата „Гемиџии“  има и меѓународен карактер.

Себо Шаќиров  од Здружението на граѓани „Гемиџии“ еден од искусните водачи на регатата информира дека претходно   направиле увид во состојбата со реката Вардар и оти водостојот на водата е задоволителен за пловидба, но поради голем број на паднати стебла на дрвја реката крие бројни опасности поради што се превземаат сите мерки на безбедност на пловење.

– Реката има свои опасности. Знаете како вика народот со вода и со оган не се игра. Затоа сме будни. Во секој чамец ќе имаме по двајца кајакари и по еден спасител. Со учесниците пред поаѓање имавме едукативен час и им кажавме како треба да се однесуваат за време на пловидбаа,се поради нивната безбедност,потенцира Шаќиров.

Регатата се вози во четири етапи, а последната е во недела во Гевгелија.

Желба на учесниците на Вардарската регата е во скора иднина таа да плови низводно Варда се до Солун.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден