Од машки агол: Зошто жените се сами

Од:

Физеотерапевтот Џонатан Еслеј, кој воедно е и автор на голем број написи на тема машко-женски односи, наведува неколку причини зошто жените се сами.

– Од мое искуство еден од најголемите предизвици за оние кои бараат љубов се контродикторните ставови. Еден дел од нив сака љубов, но другиот не сака да биде повреден. Едниот дел од нив сака врска, но другиот дел ја сака слобода. Поради тоа привлекувањето партнер во животот може да биде тешко, наведува Еслеј.

„Сакам врска, но не и излегување“

– Како поинаку мислите дека ќе остварите врска? Морате да излегувате за да пронајдете љубов. Жените обично се плашат дека излегувањата и површните состаноци ќе траат цел живот, па затоа не ги сакаат.

„Сакам добро момче, но не сакам да се забавувам со некој кој е низок, дебел, ќелав, не заработува доволно“…

– Добрите момчиња доаѓаат во сите форми, величини, различно ниво на образовние… Постојат добри момчиња кои се високи, образовани, но исто така се и ниски, можеби имаат поголем број килограми и завршено средно училиште. Можеби токму некои од нив ќе бидат љубовта на вашиот живот, затоа немојте никогаш да дискриминирате и отфрлите, истакнува Еслеј.

„Сакам момче кое веднаш ќе ме обврзе, но нема да имаме секс додека не потврди дека сме во сериозна врска“

– Верувајте ми затоа што знам – дури 98 отсто од мажите подготвени се да се обврзат дури по сексот. Мислите што сакате, но едноставно е така. Сексот е многу важен фактор во врската за секој маж и сигурно нема да се обврзе на сериозна врска се додека не провери колку жената е сексуална. Тоа не значи дека треба да спиете со него веднаш, но едноставно не го очекувајте од него невозможното.

„Сакам љубов, но таа мене мора да ме пронајде. Доста ми е веќе од потрага по неа“

– Тој не може да ве најде ако се криете. Ако воопшто не излегувате, не наоѓате момче на интернет и ги познавате сите пријатели на вашите пријатели вие сте всушност невидлива за мажите. Иако не сакам да споредувам барање сродна душа со разговор за работа – слично е. Ако самите не се истакнте никој нема да знае дека постоите, посочува Еслеј.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ